Заштеда за фирма

Информативна пресметка за поволностите кои ги нуди доброволното пензиско осигурување гледано од аспект на трошоците на компанијата. Преку информативната пресметка може да се утврди какви ќе бидат ефектите врз трошоците на компанијата, доколку работодавецот одлучи промоција, на вработените, да врши со уплата на придонес за пензиско осигурување во доброволен пензиски фонд, преку професионална пензиска шема, наместо преку зголемување на платата на вработенитe.


Потребно е корисникот да ги внесе следните податоци:

  • број на вработени за кои работодавецот би уплатувал придонес во доброволен пензиски фонд, преку професионална пензиска шема
  • износ на просечна месечна нето-плата, за соодветниот број на вработени за кои се прави пресметката
  • колкав дополнителен износ, работодавецот, е подготвен да издвои, по вработен месечно

Исплатата на пензиски надоместок од доброволно пензиско осигурување се оданочува согласно одредбите од Законот за персонален данок на доход.


Вкупен трошок доколку одберете зголемување на плата Вкупен трошок доколку одберете доброволно пензиско осигурување Месечна заштеда доколку одберете доброволно пензиско осигурување Годишна заштеда доколку одберете доброволно пензиско осигурување
По вработен
За сите вработени

Доколку месечната уплата во доброволно пензиско осигурување, по вработен, го надмине износот на годишното даночно ослободување, дополнителните трошоци по основ на ПДД и данок на добивка се антиципирани во колоната која ја прикажува Годишната заштеда доколку одберете доброволно пензиско осигурување.

Како влезни параметри во пресметката се користени:

  • Месечниот износ на лично ослободување, кој важи за 2017
  • Највисоката основица за пресметка на придонеси од плата, која важи за 2017
  • Износот на ослободувањето од ПДД и данок на добивка, за уплатени придонеси во доброволен пензиски фонд, кој важи за 2017.