За акционерите

Врз основа на член 62 од Статутот на Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд Скопје, а согласно Одлуката на Управниот одбор бр. 02-385/1 од 24.02.2017 година

 

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишно собрание на акционери на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

Годишното собрание на акционери на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, ќе се одржи на ден 30.03.2017 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во деловните простории на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, со следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

  1. Избор на Претседавач на Собранието на акционери;
  2. Избор на Записничар на Собранието на акционери и заверувач на записник;
  3. Годишен извештај за работењето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година;

со

-       Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година;

  1. Извештај на Ревизорската куќа Дилоит ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година согласно сметководствените законски регулативи во Р. Македонија;

-       Извештај на Ревизорската куќа Дилоит ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година согласно меѓународните стандарди за финансиско известување

со

-       Предлог-одлука за усвојување на Извештаите на Дилоит ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година;

  1. Извештај за резултатите од контролата на Надзорниот одбор спроведена врз годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за 2016 година;

со

-       Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за резултатите од контролата на Надзорниот одбор спроведена врз годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за 2016 година;

  1. Извештај за работењето на Надзорниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година;

со

-       Самоевалуација за неговото работење од аспект на поединечните членови и колективно;

-       Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Надзорниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година;

  1. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор;
  2. Извештај за работењето на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година;

со

-       Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година;

  1. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор;

10.  Годишен извештај за работењето на Секторот за внатрешна ревизија на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје во 2016 година;

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за 2016 година;
  2. Предлог-одлука за распределба на добивка;
  3. Предлог-одлука за назначување на овластен ревизор;

 

Се повикуваат акционерите кои поседуваат акции со право на глас да учествуваат во работата на Собранието и да го пријават своето учество.

Акционерот може со писмено полномошно заверено кај нотар да именува застапник кој ќе го застапува на Собранието. За полномошник не може да биде определен: член на органот на управување, односно член на органот на надзор на Друштвото, вклучително и членовите на неговото потесно семејство; раководно лице во Друштвото или член на неговото потесно семејство; член на органот на управување, односно на органот на надзор, вработен или овластен ревизор на поврзани или зависни друштва со Друштвото, вклучително и членовите на неговото потесно семејство; застапник по закон или друго овластено физичко лице од Друштвото или од друго правно лице што е во сопственост на Друштвото и вработен или овластен ревизор во Друштвото.

Полномошната и пријавите да се достават најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Службата за општи, правни работи и усогласеност со прописи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје (контакт телефон: 02/5100-285, телефакс: 02/3236 998).

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки во дневниот ред.

Барањата за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието се испраќа до НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, во рок од 8 дена од денот кога е испратена поканата, а дополнувањата се испраќаат на ист начин како што е испратена поканата.

 

Со почит,

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје