Членот има право на избор помеѓу:

а) Програмирани повлекувања
„Програмирани повлекувања“ е вид на исплата на пензија или пензиски надоместок кои месечно ги исплатува пензиското друштво до крајот на животот. или додека има средства на сметката на членот на пензискиот фонд. Висината на програмираните повлекувања прв пат се пресметува во моментот на остварувањето на пензијата или пензискиот надоместок и повторно се пресметува на секои 12 месеци од пензиското друштво. Исплатата на програмираните повлекувања се прекинува со искористувањето на средствата на индивидуалната, доброволната индивидуална или професионалната сметка на корисникот на пензија. Доколку корисникот на пензија почине, преостанатите средства се наследуваат согласно со закон;
 
б) Еднократни исплати
„Еднократна исплата“ е еднократно повлекување на сите средства од доброволна индивидуална или професионална сметка на член на пензиски фонд
 
в) Повеќекратни исплати
„Повеќекратна исплата“ е повлекување на средствата од доброволна индивидуална или професионална сметка на член на пензиски фонд на неколку еднакви или различни рати во еднакви или различни периоди, се додека средствата на сметката не се потрошат. Со последната рата се исплатуваат сите средства од сметката. При определувањето на износите, бројот и периодите на исплатите не се користат таблици на смртност.
 
г) Ануитети
„Ануитет“ е вид на исплата на пензија или пензиски надоместок кој се исплатува месечно од друштво за осигурување на корисникот на пензија или од него определен корисник;
 
д) Комбинација од точките а),б),в) и г)
 
Модалитетите со ануитети ќе се применуваат откако ќе биде издадена првата дозвола за вршење на работа на осигурување во класата на ануитети и исплата на ануитети за корисниците на пензија