Индивидуалните членови на ОДПФ НЛБ Пензија плус имат можност да остварат поврат на персонален данок од 11,11% на уплатените средства во доброволниот пензиски фонд.

За да се изврши поврат на персонален данок до Управата за јавни приходи треба да се поднесат следите документи:
 
  1. Барање за поврат на персонален данок - НЛБ Нов пензиски фонд го испраќа овој документ до сите индивидуални членови. Превземи барање
  2. Доказ за платена административна такса за обработка на барањето - При поднесување на Барање за поврат на персонален данок до Управата за јавни приходи ( подрачна единица ), потребно е членот да приложи доказ за платена административна такса за обработка на барањето во висина од 300 денари. Уплатницата ПП-50
  3. Доказ за платен персонален данок за тековната година - пресметка од плата, исплатена дивиденда и слично го доставува членот.