Проверете ја Вашата пензиска заштеда

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје во рамките годишниот извештај за пензиска заштеда Ви доставува информација за Ваше корисничко име и лозинка.

Лозинката која е наведена во Вашиот годишен извештај е еднократна и при првото најавување во Вашата пензиска сметка, ќе Ви биде побарано да ја промените.

Новата лозинка ќе Ви биде позната само на Вас и потребно е соодветно да ја сочувате и заштитите. Препорачуваме Вашата лозинка повремено да ја менувате.

Лична сметка

Доколку ја заборавите Вашата лозинка, искористете ја опцијата Заборавена лозинка која се наоѓа во менито Лична сметка или контактирајте го НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на 02/15-500 секој работен ден од 08 до 16 часот за понатамошни инструкции.

 

    Новата лозинка мора да содржи најмалку 8 карактери, од кои еден карактер со голема буква, еден карактер со мала буква, број и специјален знак.

 

    После успешната промена на еднократната лозинка, ќе добиете пристап до податоците за Вашата пензиска заштеда, податоци за Пензискиот фонд/фондови во кој сте член и до Вашите лични податоци.