Како да станам член на НЛБ Пензиски фонд?

Сè што треба да направите е да контактирате со пензиското друштво кое сте го одбрале (или и со двете друштва) и во контакт со лиценциран агент да ги дознаете сите потребни информации и да донесете одлука каде да се зачлените.

Агент е лице кое врши работи на маркетинг на пензиски фондови и има положено испит за агент. Агентот треба да се легитимира со агентска легитимација, треба да Ви презентира што значи потпишувањето на договор за членство, да Ве информира за висината на надоместоците и правата што произлегуваат од членството во пензискиот фонд.

При потпишување на договор за членство задолжително со Вас мора да имате важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

При потпишувањето на Договор за членство, агентот задолжително треба да Ви достави примерок од договорот за Вас, да Ви понуди можност да потпишете документ со кој ќе одберете Годишните известувања за пензиска заштеда да ги добивате по електронски пат и да Ви понуди за потпис Изјава за директен маркетинг.

Кога првпат потпишувате договор за членство во задолжителен пензиски фонд имате право во рок од осум работни дена по потпишувањето на договорот, да го раскинете договорот со писмен поднесок, кој го доставувате до друштвото. Поднесок може да достави лично, преку друго лице или по препорачана пошта.

Зачленувањето во задолжителен пензиски фонд можете да го извршите во некоја од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје, во просториите на Друштвото на ул.„Мајка Тереза“ бр.1 во Скопје или да побарате средба со агент на телефонскиот број 02/ 15 500.