Основен показател за перформансите на портфолиото на НЛБ Пензиски фонд за изминатиот период се движењата на вредностите на сметководствената единица и изведената стапка на номинален и реален принос, сведена на годишно ниво. Реалниот принос се добива од номиналниот принос корегиран за промената на нивото на трошоците на живот за пресметковниот период.

 

Принос од инвестиции*


ФондПериодСтапка на принос
Приносот на НЛБ Пензиски фонд во номинален износ 31.03.2010 – 31.03.2017 година сведен на годишно ниво 6,25%
Приносот на НЛБ Пензиски фонд во реален износ 31.03.2010 - 31.03.2017 година сведен на годишно ниво 4,81%

Приносот кој се остварува од управувањето со средствата на Пензискиот фонд, им припаѓа на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределува на нивните сметки.

 

Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителениот пензиски фонд.

 

*извор: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување: www.mapas.mk