Вашите вработени се Вашиот највреден ресурс

Преку уплата во доброволно пензиско осигурување можете да ги наградите и да им овозможите да остварат дополнителна пензија, а притоа за уплатените средства ќе имате пониски трошоци.

Придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, кои се извор на средства за првиот и вториот пензиски столб, се обезбедуваат од законски дефинираниот придонес за пензиско и инвалидско осигурување кој се задржува од бруто-платата на вработениот. Со намалувањето на стапката на придонес за пензиско и инвалидско осигурување се влијае на намалување на уплатените придонеси, што може негативно да се одрази на идната пензија на осигурениците.

Трет столб

За да се надополнат идните примања на пензионерите, од 2009 година во структурата на пензискиот систем започна да функционира и Трет столб, доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, преку кое Вие како работодавец можете да обезбедите дополнителна пензиска заштеда за Вашите вработени која ќе им овозможи да го одржат стандардот на живеење и после пензионирањето.