Како до поголема пензија?

Зашто да инвестирате?

Никој не сака да работи до крајот на животот. Повеќето од нас се надеваат дека ќе имаат доволно приходи и пензионерските денови ќе можат да ги поминат на патување, одмор и трошење време со луѓето кои ги сакаме, без работа и без грижа за плаќањето на сметките. Но, за жал, многу луѓе не се наоѓаат во таква ситуација. Единственото нешто што навистина може да го направите за Вашето пензионирање е да ги зголемите Вашите лични заштеди, односно да инвестирате во Вашата иднина.

Кога да започнете?

Ако пензионирањето е далеку за Вас, тоа е добра вест. Времето е на Ваша страна, а времето прави огромна разлика. Колку порано почнете да инвестирате, толку поголем принос ќе добиете со текот на времето. Дури и ако месечно може да заштедите само мал износ на средства, најдете начин да го направите тоа, затоа што тоа навистина може да значи нешто за вашите пензионерски денови.  Ако сте блиску до пензионирање и немате доволно заштеда, ќе мора да штедите поголема сума на пари, а можеби ќе треба да работите подолго, со други зборови, да го одложите вашето пензионирање.

Без оглед на Вашата возраст, треба да имате солиден план за пензионирање. Дури и ако сте без пари и во долг, размислувајте за плаќањето на вашиот долг како дел од вашиот план. Како што стојат работите, повеќето од Нас ќе немаат доволно средства кога еден ден ќе престанат со работа. Тоа е огромен проблем и многу од одговорите се чини дека се надвор од Ваша контрола. Сепак, игнорирањето само ги влошува работите. Можеби нема да бидете во можност самостојно да се справите со кризата, но може да се повикате на Вашата сопствена ситуација и на сè она што може да придонесе истата да се подобри.

Мој пензиски план

Заштеда за златните години

Доброволните пензиски фондови се формирани со цел на граѓаните да им се овозможи да ја надополнат пензијата од Првиот и Вториот пензиски столб и да си осигураат дополнителни примања за старост. Како резултат на тоа, вложувањето во доброволните пензиски фондови Ви овозможува да заштедите за „златните години“.

Разговарај со агент