Спонзорства и донации

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје е активно вклучен во поддршката на иницијативите кои придонесуваат кон развојот на спортот, културата, образованието и хуманитарната дејност во Република Македонија. Наша цел е создавање на здраво општество кое ќе знае да ги почитува општествените вредности.

Во 2016 година организиравме неколку хуманитарни акции со кои дониравме средства за семејствата од поплавените подрачја во Скопје, кои како резултат на силно невреме претрпеа големи материјални штети и загуба на своите најблиски. Преку овој хуман гест,  друштвото се приклучи на акцијата во организација на Црвениот крст на Македонија и ја покажа својата хуманост и одговорност како финансиска институција во време кога на голем број граѓани им требаше помош за безбедно да се вратат на своите живеалишта. Вработените во Друштвото допринесоа и со лични донации и директна помош во реновирање на живеалиштата.

Донирани се финансиски средства на Пунктот за бездомници за кој се грижи Црвениот крст на град Скопје со цел подобрување на психосоцијалната и здравствена состојба на бездомниците кој го посетуваат пунктот но и оние кои се згрижуваат во прифатилиштето. Во соработка со Црвениот крст на град Скопје се организираше крводарителска акција при која вработените во Друштвото донираа крв.