Наследување на средствата

Во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во случај на смрт на член или пензиониран член на доброволен пензиски фонд, средствата од сметката на тој член може да се исплатат како наследство.

Во продолжение е презентиран интегралниот текст од членот 145 од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување:

Во случај на смрт на член на пензиски фонд, средствата од сметката на тој член или на пензиониран член стануваат дел на оставинска маса на оставителот и со тие средства се постапува во согласност со Законот за наследување“.

Кога кај член на доброволен пензиски фонд е утврдена општа неспособност за работа од страна на Комисијата за оцена на работната способност при Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија тој има право, без оглед на возраста, да избере една од можностите за пензиски надоместок.