Корпоративно управување

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.

Визија

Нашата визија е да бидеме пионери, заедно со останатите учесници во реформскиот процес, во целосно нова област за нашето општество, која претставува спој на социјални и финансиски аспекти и има исклучително значење за поединецот и општеството во целина. Република Македонија се стреми да спроведе квалитетна реформа во пензискиот систем. Тука ние се наоѓаме себеси како Друштво поставено на темелите на своите основачи и базирано на високостручните знаења и професионалната култура и етика на ангажираниот тим.

Мисија

Нашата мисија е да бидеме сигурно и доверливо Друштво кое воспоставува високи стандарди на квалитет во работењето во областа на пензиското осигурување и обезбедува домаќинско управување со имотот на своите членови

Со нашата работа се обидуваме да ја јакнеме довербата кај клиентите во производот кој е значаен за нивната финансиска иднина, и довербата во нашиот безрезервен однос на заштита и обезбедување на најдобрите интереси на осигурениците. Трајното партнерство со осигурениците темелено на едукација, етичко работење и доверба се клучните компоненти за стратегијата на Друштвото.

Главни предизвици:

  • Активниот и иновативниот пристап во управувањето со инвестициите и со ризиците се клучни разлики во однос на конкуренцијата.
  • Јасните правила во односот со нашите членови, искреноста и разбирањето на нивните потреби заедно со јасната комуникација се нашите темелни вредности.
  • Корпоративното управување е основа на нашето работење и е засновано на принципите на одговорност, транспарентност и етика. Чувствуваме одговорност да придонесуваме кон позитивни промени во општеството и затоа голем дел од нашите активности се насочени токму кон едукација на јавноста за реформите спроведени во пензискиот систем на Република Македонија.
  • Ние ги исполнуваме нашите ветувања, кои ги прифаќаме како наша обврска при што основна цел е да ги достигнеме и надминеме очекувањата на нашите членови.
  • Работиме тимски за да ги оствариме нашите цели. Посветуваме внимание на предизвиците и меѓусебно се охрабруваме сè додека не се исполнат целите. Свесни сме дека успехот на НЛБ Нов пензиски фонд е можен само преку комбинација на тимска работа и индивидуални достигнувања.