Соработка со институции

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје како пионер во работењето на пензиските фондови во Република Македонија постојано ја поддржува и поттикнува младинската иницијатива и желба за работа. Друштвото нуди можност за практична работа на млади и амбициозни луѓе во делот на пензиското осигурување.

За таа цел, Друштвото има воспоставено успешна и плодна соработка со неколку универзитети во Република Македонија:

Во согласност со соработката со наведените универзитети Друштвото на студентите од овие факултети им нуди можност да се запознаат со работните задачи и начинот на функционирање на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.