Кој може да биде член на НЛБ Пензија плус?

Со Доброволниот пензиски фонд се опфаќаат лица на возраст од 15 до 70 години.

Членови на Доброволниот пензиски фонд можат да бидат лица:

  • кои се веќе осигурени во Првиот или Вториот столб на пензиски систем, а кои сакаат и се во можност да издвојат дополнителни средства поради поголема материјална сигурност по пензионирањето;
  • лица кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување, како што се долгорочно невработени;
  • вработени на проекти или во странски мисии;
  • лица кои немаат приходи по ниедна основа, а за нив уплатуваат трети лица, брачни другари кои не се вработени и други вработени без оглед дали се во работен однос или се невработени.

Член или уплатувач не може да биде лице кое е корисник на пензија.

Едно лице може да има само една доброволна индивидуална сметка и една професионална сметка. Овие сметки може да се во ист или во различен доброволен пензиски фонд.