Како да станам член на пензиска шема

Кој може да биде член?

Член на пензиска шема мора да е лице вработено/член кај работодавец/здружение на граѓани на возраст од 15 до 70 години, при што не треба да биде корисник на пензија или пензиски надоместок. Членови во доброволен пензиски фонд можат да бидат и вработени/членови кои се странски државјани. Осигурувачот, преку дефинирани правила, определува:

  • кој може да учествува во професионалната пензиска шема (може да бидат членови сите вработени или само дел од вработените),
  • ја определува висината на уплатата за секој член одделно, 
  • ја определува динамиката на уплата (уплатува средства кога сака и колку сака)
  • определува за кои вработени ќе се уплати при секоја поединечна уплата (не е обврзан при секоја уплата да уплатува за сите членови во пензиската шема) и
  • не постои ниту минимален ниту максимален износ на уплата. 

Како да станам член?

Член со професионална сметка во НЛБ Пензија плус можеш да станеш доколку компанијата/здружението во кое си вработен/член организира и финансира професионална пензиска шема. Осигурувачот/управителот определува кој вработен или член на здружението на граѓани може да биде член на пензиската шема. Член на пензиска шема може да биде, единствено, лице кое е вработено кај трговско друштво или е член на здружението на граѓани кое формира професионална пензиска шема.

Професионалната сметка ќе ви биде отворена по извршената прва уплата на придонес, а на Ваша адреса за коресподенција ќе Ви испратиме потврда членство во рок од 30 дена од првата уплата. 

Каде да склучам договор?

Зачленувањето во доброволниот пензиски фонд НЛБ Пензија плус можете да го извршите во некоја од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје, просториите на Друштвото на ул.„Мајка Тереза“ бр.1 во Скопје или да побарате средба со агент на телефонскиот број 02/ 15 500.

При склучување на договор за членство задолжително со Вас мора да имате документ за идентификација.

Доколку сте Осигурител кој сака да формира и оргнизиран професионална пензиска шема, потребно е да ни доставите податоци за Вашето трговско друштво/здружение на граѓани и за членовите на пензиската шема, заедно со тековна состојба од трговското друштво/здружението на граѓани не постара од 6 месеци. За сите други детали и законски постапувања ќе Ве информираме во текот на процесот на формирање на пензиската шема.