Даночни ослободувања

Даночен аспект

Согласно член 158, став 1 од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на доброволните придонеси уплатени од страна на осигурител за своите вработени и членови не се пресметува и плаќа персонален данок на доход. Износот на ослободувањето за една календарска година не може да биде поголем од 4 просечни месечни бруто-плати во Републиката, објавени за претходната година, по вработен или член.

Согласно Законот за данок на добивка, трошоците врз основа на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд, до износот од четири просечни месечни бруто-плати, исплатени во претходната година во Републиката, на годишно ниво по вработен, се даночно признат расход за целите на пресметка на данок на добивка. Трошоците врз основа на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд над овој износ, вклучувајќи го и пресметаниот персонален данок на доход, се оданочив расход (член 11, точка 5 од Законот за данок на добивка).

Сметководствена евиденција

Доброволниот пензиски придонес претставува трошок кој се прикажува во Билансот на успех. Трошокот се евидентира на аналитичко конто од групата 4457 – Премии за доброволно осигурување на вработени во пензиски фондови.

 

Продажни места

Разговарај со агент