Наследување на средства

Во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, средствата од индивидуалната сметка на починатиот член може да се наследат во случај кога починатиот член нема членови на семејството кои имаат право на семејна пензија во согласност со Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Во продолжение е презентиран интегралниот текст од членот 66 став 3 од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување:

Во случај кога починатиот член на задолжителен пензиски фонд нема членови на семејството кои имаат право на семејна пензија во согласност со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, средствата од сметката на тој член стануваат дел на оставинска маса на оставителот и со тие средства се постапува во согласност со Законот за наследување. Дотогаш сметката на членот останува отворена и тие средства се претвораат во сметководствени единици и се инвестираат на еднаков начин како и другите средства на задолжителниот пензиски фонд, од страна на друштвото. По извршениот пренос на средствата друштвото ја затвора индивидуалната сметка на починатиот член“.