Ажурирање на податоци

Што ако променам презиме или адреса на живеење?

Со цел точно и навремено доставување на редовните годишни известувања за состојбата на Вашата пензиска заштеда, како и соодветно остварување на Вашите права во врска со пензиската заштеда во иднина, од особена важност е Вашите лични податоци да бидат целосно точни и навремено ажурирани во Регистарот на членови.

Посетете некоја од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје или дојдете во седиштето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и пополнете Барање за ажурирање/корекција на личните податоци во присуство на овластено лице/агент на Друштвото.

При ажурирањето/корекцијата на личните податоци, можете да побарате Вашите годишни извештаи за пензиска заштеда да ги добивате по електронски пат, за што во Барањето за ажурирање/корекција на лични податоци и во формуларот за избор на начин на известување да внесете и Ваша активна е-маил адреса.

Преку нашата интернет страна имате можност и за on-line ажурирање/корекција на Вашите лични податоци, во делот Лична сметка.

Локација на продажни места