Кариера

Вработување

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје нуди работа во мотивирачка и посветена атмосфера, креативност и личен развој, тимски дух, можност за личен напредок и напредок во кариерата. Вработувањето на најдобрите кадри, постојаната грижа и вложувањето во вработените преку тимска работа и стручна едукација, во насока на нивен континуиран развој и унапредување во кариерата, претставуваат наш клучен приоритет.

Актуелни огласи: Во моментот немаме активни огласи.

Сите апликации за вработување кои ќе ни бидат доставени за време на активни огласи, ќе бидат третирани како строго доверливи. Со испраќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободното работно место од конкретниот актуелен оглас во рамките на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Сите апликации и лични податоци добиени за време на актуелниот оглас се бришат/уништуваат по пополнувањето на слободното работно место.

Договорно ангажирање

Доколку сакате да бидете договорно ангажиран од страна на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и да вршите рекламирање и информирање за НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и за пензиските фондови со кои управува и да склучувате договори за членство во пензиски фонд и за исплата на пензии или пензиски надоместоци, Ве молиме Вашата биографија (CV) и мотивациско писмо да ги испратите на:

ул. „Мајка Тереза“ бр.1, 1000 Скопје, односно на е-mail-адресата: agenti@npf.com.mk

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ќе направи претселекција, врз основа на пристигнатите апликации, како и интервјуирање на претселектираните апликанти. НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје го задржува правото да не одговори на пристигнатите апликации. Сите апликации за договорно ангажирање ќе бидат третирани како строго доверливи. Со испраќањето на апликацијата се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за да бидете договорно ангажирани од страна на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.

Практикантска работа на студенти

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје нуди можност за реализација на практикантска работа во фирма која е дел од НЛБ Групацијата каде ќе се запознаете со работењето од областа на капиталното финансирано пензиско осигурување во Република Македонија.

Доколку имате желба да остварите практикантска работа во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, потребно е:

  • да сте студент на додипломски студии (пожелно, но не и задолжително од повисоките години)
  • познавање на MS Office пакетот
  • да сте подготвени за работа и да имате тимски дух во динамична средина
  • факултетот да Ви издаде упатница

Практикантската работа е во траење од 1 месец со можност за нејзино продолжување до 3 месеци. Сите заинтересирани студенти, треба да испратат кратка биографија која покрај вообичаените информации, задолжително треба да содржи и информација за департман и година на студии, на e-mail: praksa@npf.com.mk

Сите апликации за практикантска работа ќе бидат третирани како строго доверливи. Практиката ќе се организира во согласност со динамиката на потребите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје за практиканти.

Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на апликацијата за практикантска работа, се согласувате Вашите лични податоци да бидат предмет на обработка за потребите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје при процесот на аплицирање и остварување на практикантската работа. Сите апликации и лични податоци на студентите кои не се примени на практикантска работа се бришат/уништуваат по истекот на една година од денот на пријавувањето.