Податоци за распределени лица

Ако сте осигуреник кој за првпат пристапил во задолжително пензиско и инвалидско осигурување на или по 01.01.2003 година и во законскиот рок од 3 месеци по вработувањето, односно по исполнувањето на законскиот услов за членство во Втор столб, не сте склучиле договор за членство со ниту едно друштво за управување со пензиски фондови, согласно регулативата за пензиско осигурување, Вие сте распределен член по метод на случаен избор, во еден од двата пензиски фонда од вториот столб во Р. Македонија.

Доколку веќе имате добиено известување од надлежна државна агенција дека сте распределен член на Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд, а сеуште не сте ги доставиле своите лични податоци во Друштвото, Ве молиме за следното:

Дојдете до просториите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, на ул.Мајка Тереза бр.1 во Скопје или посетете некоја од експозитурите на НЛБ Банка низ Македонија и пополнете Барање за промена на податоци во присуство на наш агент.

При пополнувањето агентот треба да изврши увид во Ваш документ за идентификација и да се потпише на Вашето барање.

Со цел за Вас да ги имаме ажурирани сите потребни податоци, Во барањето на празните линии, Ве замолуваме да  пополните:

  • Име и презиме
  • МБГ (матичен број на граѓанинот)
  • Адреса и место на живеење од лична карта
  • Адреса и место за коресподенција (за достава на пошта)
  • Место на раѓање
  • Телефон за контакт
  • Електронска пошта (e-mail)

Вашите податоци ќе бидат внесени во Регистарот на членови на отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд, со цел да добивате редовни известувања за пензиска заштеда и останати известувања кои согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото ги доставува на своите членови.
При пополнување на барањето за промена на податоци имате можност да изберете начин на достава на годишните извештаи за пензиска заштеда. Изборот го вршите со пополнување на формуларот за избор на начин на известување.

За повеќе информации или за проверка дали сте наш член, контактирајте со НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на 02/15500 секој работен ден од 08 – 16 часот.