Промена на статус на осигуреник

Информација за осигурениците кои имаат бенифициран стаж и работат во Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и казненопоправните домови и воспитно-поправните институции.

Осигурениците од Глава VII

Стекнување и остварување на правата на определени категории осигуреници под посебни услови, од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, не се опфаќаат во Вториот пензиски столб.
Овие осигуреници поради промена на својството на осигуреник, само еднаш, по сопствен избор може да го отповикаат утврдениот статус. Ова право осигуреникот може да го изврши најдоцна во рок од една година од настанатата промена.
Ова право се остварува преку Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, каде на интернет-страницата www.mapas.mk е поставен посебен формулар.

За оваа категорија на членови, со дополнителна одредба во Законот за пензиско и инвалидско осигурување се прецизира дека правото на старосна пензија може да го остварат од Вториот столб во согласност со одредбите кои се однесуваат за сите осигуреници и членови во Вториот столб, или, пак, да се одлучат правото на старосна пензија да го остварат само од Првиот столб, при што средствата од Вториот столб се пренесуваат во Фондот на ПИОМ.

За сите подетални информации овие осигуреници може да се обратат во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) на телефонскиот број 02/ 3224 229.