Изградивме високософистициран, активен и иновативен систем на управување со инвестициите и високо ниво на сигурност и управување со ризиците

Нашиот стремеж е да се поставивме како лидер во управувањето со пензиските фондови не само во Република Македонија туку и во регионот, а за нашата успешна работа две години по ред добиваме потврда и од угледниот финансиски магазин „IPE – INVESTMENTS&PENSIONS EUROPE“ кој во 2014 година, ни ја додели наградата „Најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа“, а во 2015 година ни ја додели наградата „Best Sovereign Reserve Fund in Europe“

Воведовме највисоки етички стандарди во работењето, изградивме високософистициран, активен и иновативен систем на управување со инвестициите и високо ниво на сигурност и управување со ризиците поврзани со остварувањето на очекуваните приноси. Со нашата работа се обидуваме да ја јакнеме довербата кај клиентите во производот кој е значаен за нивната финансиска иднина, и довербата во нашиот безрезервен однос на заштита и обезбедување на најдобрите интереси на осигурениците.

 

 

 

Трајното партнерство со осигурениците базирано на едукација, етичкото работење и довербата се клучните компоненти за стратегијата на Друштвото. Активниот и иновативен пристап во управувањето со инвестициите и со ризиците се клучните разлики во однос на конкуренцијата. Јасните правила во односот со нашите членови, искреноста и разбирањето на нивните потреби заедно со јасната комуникација се нашите темелни вредности.