Што ако не изберам пензиски фонд?

Вие како осигуреник имате право на избор и во рок од три месеци треба да изберете во кој задолжителен пензиски фонд ќе се зачлените.
По истекот на овој рок, доколку не изберете задолжителен пензиски фонд станувате трајно распределен осигуреник во задолжителниот пензиски фонд во кој претходно сте биле времено распределен по случаен избор.

Доколку сакате да преминете во друг задолжителен пензиски фонд треба да потпишете договор за премин со друштвото кое управува со другиот задолжителен пензиски фонд и да потпишете Изјава за согласност за премин.


Доколку членството во постојниот фонд Ви е помало или еднакво на 720 дена треба да платите надоместок за премин, а доколку бројот на денови на членство е поголем од 720 дена преминот е бесплатен. Висината на надоместоците се дадени во делот Надоместоци.

Разговарај со агент