Проверете ја Вашата пензиска заштеда

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на втората страна од годишниот извештај за пензиска заштеда Ви достави информација за Ваше корисничко име и лозинка. Лозинката која е наведена во Вашиот годишен извештај е еднократна и при првото најавување во Вашата пензиска сметка, ќе Ви биде побарано да ја промените.

Новата лозинка ќе Ви биде позната само на Вас и потребно е соодветно да ја сочувате и заштитите. Препорачуваме Вашата лозинка поврмено да ја менувате.

Лична сметка

Доколку ја заборавите Вашата лозинка, искористете ја опцијата Заборавена лозинка или контактирајте го НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на 02/15-500 секој работен ден од 08 до 16 часот за понатамошни инструкции.

 

    Новата лозинка мора да содржи најмалку 8 карактери, од кои еден карактер со голема буква, еден карактер со мала буква, број и специјален знак.

 

    По успешната промена на еднократната лозинка, ќе добиете пристап до податоците за Вашата пензиска заштеда, податоци за Пензискиот фонд/фондови во кој сте член и до Вашите лични податоци.