Извештај за пензиска заштеда

Друштвото согласно Законите за задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување има обврска еднаш годишно (најдоцна до 31 март) да Ви достави извештај за Вашата пензиска заштеда на адресата за коресподенција.

Доколку сте член на Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд и/или Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус, можете да изберете Вашите извештаи за пензиска заштеда да ги добивате на Вашиот e-mail.

Посетете некоја од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје или дојдете во седиштето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и пополнете Барање за ажурирање/корекција на лични податоци и формулар за начин на известување во присуство на овластено лице/агент на Друштвото.

За сите Ваши прашања и консултации побарајте не на 02/15 500 или пратете ни e-mail на kontakt@npf.com.mk

Продажни места