Намалување на надоместоци за членови на Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд

Почитувани,

Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд Скопје Ве известува за намалување на надоместокот од уплатени придонеси во Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд. 

Намалувањето на надоместоците директно влијае на износот на пензиските заштеди на членовите на Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд.

Од 01.01.2018 година висината на надоместокот од уплатени придонеси изнесува 2,50%*, наместо досегашниот 2,75%*, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на вкупните нето средства останува непроменет и изнесува 0,035%*.

Висината на надоместокот од уплатени придонеси и висината на месечниот надомест од вредноста на вкупните нето средства е променлива категорија. Во примена е надоместокот определен од Друштвото, кој е во рамките на максималната висина на надоместоците пропишани со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Надоместок за премин* од еден во друг задолжителен пензиски фонд

• Број на денови на членство ≤ 720   -  15 Евра (во денарска противвредност)

• Број на денови на членство > 720   -  не се наплаќа надоместок за премин

За периодот 01.01.2017 до 31.12.2017 износот на  трансакциски провизии/нето средства на фондот изнесува 0,01%** (вкупен износ на трансакциски провизии е 1.389.359 мкд).

Нема дефинирано намалување на надоместоци за постојано членство.

Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд. 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk 023224229. 

 

Со почит,

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

 

 

Извори:

*Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.mk

**НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје