Ажурирај ги твоите лични податоци навреме 27.11.2014

Почитувани членови,

Со цел точно и навремено доставување на редовните годишни известувања за состојбата на Вашата пензиска заштеда, од особена важност е Вашите лични податоци да бидат целосно точни и навремено ажурирани во Регистарот на членови.

Ажурираните лични податоци ќе ни овозможат да имаме навремена, редовна и успешна комуникација со секој од Вас.

Посетете некоја од експозитурите на НЛБ Тутунска банка АД Скопје или дојдете во седиштето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и пополнете Барање за ажурирање/корекција на лични податоци во присуство на овластено лице/агент на Друштвото. Овластеното лице/агент ќе изврши увид во Ваш документ за лична идентификација со што ќе го потврди Вашиот идентитет при пополнувањето на барањето.

При ажурирањето/корекцијата на личните податоци, можете да побарате Вашите годишни извештаи за пензиска заштеда да ги добивате по електронски пат, за што треба во Барање за ажурирање/корекција на лични податоци и во формуларот за избор на начин на известување да внесете и Ваша активна електронска адреса. Со почит, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје