Ажурирај ги твоите лични податоци навреме

24.11.2015

Почитувани членови,

Со цел точно и навремено доставување на редовните годишни известувања за состојбата на Вашата пензиска заштеда, од особена важност е Вашите лични податоци да бидат целосно точни и навремено ажурирани во Регистарот на членови. Ажурираните лични податоци ќе ни овозможат да имаме навремена, редовна и успешна комуникација со секој од Вас. Посетете некоја од експозитурите на НЛБ Тутунска банка АД Скопје или дојдете во седиштето на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и пополнете Барање за ажурирање/корекција на лични податоци во присуство на овластено лице/агент на Друштвото. Овластеното лице/агент ќе изврши увид во Ваш документ за лична идентификација со што ќе го потврди Вашиот идентитет при пополнувањето на барањето. При ажурирањето/корекцијата на личните податоци, можете да побарате Вашите годишни извештаи за пензиска заштеда да ги добивате по електронски пат, за што треба во Барање за ажурирање/корекција на лични податоци и во формуларот за избор на начин на известување да внесете и Ваша активна електронска адреса. Ажурирањето на Вашите лични податоци преку интернет страната можете да го извршите преку пристап до “Лична сметка”, каде во делот “Лични податоци” ги внесувате Вашите ажурирани лични податоци. Притоа, со цел верификација на Вашиот идентитет, на Вашиот е-маил кој претходно ни го имате доставено со Договорот за членство или со друг соодветен формулар, ќе пристигне код за верификација кој ќе треба да го внесете при ажурирањето.

Со почит, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје