Овластениот актуар Ристо Бајатов вработен во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ја доби годишната награда за млад истражувач

09.11.2015

На свеченото одбележување на Денот на осигурување кое се одржа на 2 Ноември во Скопје на кое беа присутни високи државни претставници, претставници од осигурителната индустрија и претставници од различни институции и тела, Агенцијата за супервизија на осигурување додели годишна награда за млад истражувач од областа на осигурувањето и управувањето со ризици. Овластениот актуар Ристо Бајатов вработен во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ја доби годишната награда за млад истражувач за труд од областа на животното осигурување (превземи тука). Оваа награда претставува потврда за инвестирањето и за квалитетот на човечкиот капитал со кој располага НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Со почит, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје