Известување за промена на рок за достава на извештаи до членови и пензионирани членови на НЛБ Пензиски фонд и НЛБ Пензија плус 23.01.2015

 Почитувани членови и пензионирани членови, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје има обврска најмалку еднаш годишно во писмена форма (во плик со зелена боја) или по Ваш избор во електронска форма да Ви достави:

  • Извештај за пензиска заштеда; - податоци за вредноста и учеството на средствата на пензиски фонд инвестирани во одделен вид на средства, вклучувајќи и податоци за издавачот на односната хартија од вредност. Обврската за давање податоци за издавачите на хартии од вредност се однесува за вложувања во хартии од вредност кои претставуваат најмалку 1% во вредноста на средствата на пензискиот фонд;
  • Податоци за вкупниот износ на трансакциони провизии кои ги платиле друштвото и неговите странски менаџери на средства на пензискиот фонд, во периодот од последниот извештај и за просечниот износ на таквите трошоци по една сметководствена единица на тој фонд;
  • податоци за надоместоци кои ги наплатуваме и податоци за приносот на пензискиот фонд;
  • други дополнителни информации предвидени со законската и подзаконската регулатива.

Овие информации со состојба 31.12.2014 година, ќе Ви бидат доставени најдоцна до 31.03.2015 година, согласно промените во подзаконската регулатива.