Намалување на надоместоци за членови на Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд14.01.2015

Почитувани,

Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд Скопје Ве известува за намалување на надоместокот од уплатени придонеси и за намалување на месечниот надоместок од вредноста на вкупните нето средства во Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд. Намалувањето на надоместоците директно влијае на износот на пензиските заштеди на членовите на Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд.

Од 01.01.2015 година висината на надоместокот од уплатени придонеси изнесува 3,25%, наместо досегашниот 3,5%, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на вкупните нето средства изнесува 0,04%, наместо досегашниот надоместок од 0,045%.*

Надоместок за премин од еден во друг задолжителен пензиски фонд

Број на денови на членство ≤720    15 Евра

Број на деновина членство > 720    не се наплаќа надоместок за премин

 

 

За периодот 01.01.2014 до 31.12.2014 износот на платените трансакциски провизии/нето средства на фондот изнесува 0,02%. (вкупен износ на платени трансакциски провизии е 2.843.367 мкд). Нема дефинирано намалување на надоместоци за постојано членство.

Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.

Со почит,

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

*Извор. www.mapas.mk