НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ја доби наградата "Best Sovereign Reserve Fund in Europe for 2015"

20.11.2015

По минатогодишната награда за најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа, оваа година за управувањето со задолжителниот пензиски фонд, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје доби уште попрестижна награда “Best Sovereign Reserve Fund in Europe for 2015” од страна на угледниот финансиски магазин “IPE – INVESTMENTS&PENSIONS EUROPE“. Според “IPE”, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ги исполнува критериумите за оваа нова категорија награди, пред се поради својот задолжителен карактер и својата улога во реформираниот пензиски систем во Р. Македонија. Во образложението кон наградата од страна на жирито на “IPE”, задолжителниот фонд со кој управува НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје е окарактеризиран како „фонд со иновативна и комплексна инвестициона стратегија“ во функција на остварување на целите на фондот. Посебно се нотирани управувањето со ризиците, фокусот на долгорочните перспективи на компаниите во кои се инвестираат средствата, како и развојот на човечкиот капитал кој e клучен со управувањето со фондот. Ова е уште една потврда за успешна работа на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, како и НЛБ Групацијата, но притоа и за Република Македонија за успешното функционирање на целокупниот систем на капитално финансирано пензиско осигурување.

Со почит, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје