Намалување на надоместокот од уплатени придонеси за индивидуалните членови на НЛБ Пензија плус за 24%

Почитувани,

 

Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд Скопје Ве известува за намалување на надоместокот од уплатени придонеси за индивидуалните членови на Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус. 

Намалувањето на надоместокот влијае на зголемувањето на пензиските заштеди на членовите на НЛБ Пензија плус.

Од 01.01.2017 година висината на надоместокот од уплатени придонеси за индивидуалните членови на НЛБ Пензија плус ќе изнесува 2,9%1, наместо досегашниот 3,8%2, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на вкупните нето средства на НЛБ Пензија плус изнесува 0,10%3.

Кај членовите со професионални пензиски сметки (членови на професионални пензиски шеми) максималниот надоместок од придонеси изнесува 3,8% и се уредува со договорот за вклучување на професионалната пензиска шема во Отворениот доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус и наведен е во Правилата на професионалната пензиска шема.

Надоместок за премин4 од еден во друг доброволен пензиски фонд

Број на денови на членство ≤360   -  10 Евра

Број на денови на членство >360   -   не се наплаќа надоместок за премин

 За периодот 01.01.2016 до 30.11.2016 износот на  трансакциски провизии/нето средства на фондот изнесува 0,05%. (вкупен износ на  трансакциски провизии е 197.949 мкд).5

Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд..

Нема дефинирано намалување на надоместоци за постојано членство.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

 

Со почит,

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

 

 

Извор;

1,2,3,4  Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.mk

5 НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје