Намалување на надоместоци за членови на Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд

Почитувани,

Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд Скопје Ве известува за намалување на надоместокот од уплатени придонеси и за намалување на месечниот надоместок од вредноста на вкупните нето средства во Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд. 

Намалувањето на надоместоците директно влијае на износот на пензиските заштеди на членовите на Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд.

Од 01.01.2017 година висината на надоместокот од уплатени придонеси изнесува 2,75%,1 наместо досегашниот 3,00% 2, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на вкупните нето средства изнесува 0,035% 3, наместо досегашниот надоместок од 0,040% 4.

Надоместок за премин5 од еден во друг задолжителен пензиски фонд

Број на денови на членство ≤720    15 Евра

Број на деновина членство > 720    не се наплаќа надоместок за премин

За периодот 01.01.2016 до 30.11.2016 износот на  трансакциски провизии/нето средства на фондот изнесува 0,01%.6 (вкупен износ на  трансакциски провизии е 2.298.958 мкд).

Нема дефинирано намалување на надоместоци за постојано членство.

Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд. 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

 

Со почит,

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

 

Извори:. 

1,2,3,4,5  Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.mk

6  НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје