НЛБ Пензиски фонд надмина 200.000 членови

Почитувани,

 

2016 година ја одбележуваат повеќе значајни настани. Ова е моментот кога НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје обележа 11 години од своето постоење.

Заклучно со 30.09.2016 година, во Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд веќе членуваат  201.045 членови1 кои се сопственици на 21.018,54 милиони денари2 (над 340 милиони евра) пензиски заштеди, додека Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус брои  8.971 членови3, кои се сопственици на 401.206,53 илјади денари4 (над 6,5 милиони евра) пензиски заштеди.

Во континуитет со нашата работа настојуваме да ја заслужиме довербата кај членовите во производите кои се значајни за нивната финансиска иднина, како и довербата во нашиот безрезервен однос на заштита и обезбедување на најдобрите интереси на членовите. Трајното партнерство со членовите темелено на едукација, транспарентност етичко работење и доверба се клучните компоненти за стратегијата на Друштвото. 

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и понатаму ќе се стреми кон воспоставување на високи стандарди на квалитет во работењето и заштита на интересите на членовите.

 

Со почит,

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

 

1,2,3,4 Извор: www.mapas.mk, Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk