Работењето на НЛБ Групацијата во првото полугодие е профитабилно и стабилно

На 26-ти Август 2016 година, на редовната седница на Надзорниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, беа презентирани резултатите од работењето на НЛБ Групацијата во првото полугодие од годината. На седницата се усвои и Стратегијата на НЛБ Групацијата до 2020 година. НЛБ Групацијата во првото полугодие од 2016 година оствари 69,5 мил. ЕУР добивка по оданочувањето, што е за 30 проценти повеќе отколку во првата половина од 2015 година. На тој начин таа веќе десетти квартал последователно заврши со позитивен резултат. Со добивка работеа сите банки, членки на НЛБ Групацијата и ја подобрија профитабилноста во однос на истиот период минатата година. Повеќе детали за работењето на НЛБ Групацијата се достапни во Извештајот за 1-то полугодие од 2016 година, објавен на 26.08.2016 година.

За подобреното работење на НЛБ Групацијата во првото полугодие од 2016 година во најголема мера придонесе проактивниот пристап во продажбата. Во областа на физичките лица го задржуваме пазарното учество, и покрај акцентот врз профитабилност пред обемот на работењето, а го зголемуваме во областа на кредитите на претпријатијата и продуктите од документарното работење. Сите банки во НЛБ Групацијата бараат деловни можности, коишто ги остваруваат. Притоа тие се сконцентрирани на клиентите, ефикасноста на персоналот задолжен за продажба, на подобрувањето на дигиталните услуги и продажните канали. НЛБ Групацијата ја засили својата позиција во Словенија и надвор од неа, и без оглед на моменталните трендови, денес таа е способна да остварува позитивен, стабилни и одржливи резултати.

НЛБ Групацијата на крајот од јули 2016 година покажува високо ниво на адекватност на капиталот во висина од 16,6 проценти и добра ликвидносна позиција. Една од најважните цели останува постојаното подобрување на квалитетот на кредитното портфолио со акцент врз квалитетот на новите пласмани и дисперзираноста на портфолиото.

Потврдена Стратегијата на НЛБ Групацијата до 2020 година

На седницата Надзорниот одбор ја разгледуваше и ја потврди обновената стратегија на НЛБ Групацијата до 2020 година, за која раководството на Банката е убедено дека претставува основа за понатамошно подобрување на деловните резултати и подобра среднорочна и долгорочна конкурентска позиција. НЛБ Групацијата се соочува со зголемена конкуренција во околина на ниски каматни стапки, со сè поголемите барања на клиентите, кои им даваат предност на дигиталните пазарни канали, како и со дополнителните законодавни барања, кои ја зголемуваат комплексноста и трошоците од работењето, како и со геополитичките ризици и непостојаноста на финансиските пазари.

 

Затоа идната стратегија на НЛБ Групацијата е насочена кон подобрување на искуството на корисниците, оптимизација на понудата на продукти, поедноставување на банкарските системи и работењето, како и засилување на дистрибутивните канали и капацитети. Обновувањето на стратегијата вклучува и целосно осовременување и надградба на информатичките системи, со што НЛБ Групацијата ќе обезбеди поеластична, поагилна и трошковно поефикасна ИТ структура. Раководството на НЛБ Групацијата верува дека на тој начин соодветно ќе се подготвиме за предизвиците на дигитализацијата и другите предизвици, со коишто се соочува банкарството.

Со почит,

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје