НЛБ Нов пензиски фонд започна со достава на годишни извештаи до членовите на задолжителниот пензиски фонд

Почитувани членови,

Ве известуваме дека започнавме со достава на годишните извештаи за пензиска заштеда во Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд со состојба на 31.12.2015 година.

Согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и соодветните подзаконски акти, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје до членовите ќе достави: 

  • Извештај за пензиска заштеда во НЛБ Пензиски фонд.
  • Информација за остварен принос, инвестициско портфолио, наплатени надоместоци и други информации за НЛБ Пензиски фонд;
  • Информација за корекција на лични податоци и електронски пристап до Лична сметка.
  • Други корисни информации.

Извештајот за пензиска заштеда, содржи корисничко име и лозинка за пристап до Лична сметка преку интернет страната на Друштвото.

Линкот за пристап во делот за лична сметка е http://www.nlbnpf.mk/mk-MK/Home/Page/889?Category=2

 

Со почит,

НЛБ Нов Пензиски Фонд АД Скопје

 

02/15-500

kontakt@npf.com.mk

www.nlbnpf.mk

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229