Калкулатор - Мој пензиски план - физички лица

Впишете го посакуваниот износ во калкулаторот и проверете колкава ќе биде Вашата очекувана пензиска заштеда доколку се зачлените во НЛБ Пензија плус преку индивидуално членство.

Пресметката е од информативна природа. Добиениот износ на акумулирани средства е проектиран врз основа на параметрите кои корисникот самиот ги внесува: период на уплата, моментална состојба на доброволна индивидуална сметка, месечен или годишен износ на доброволен придонес, надомест од уплатени придонеси и очекувана стапка на принос. Во пресметката е вклучен и надомест за управување со средствата од 0,1% на месечно ниво од вкупните нето-средства. Во пресметката не се земаат во предвид трансакциските трошоци поради минимален ефект на минимален пример, повеќе детали отвори.

Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот Доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со Доброволниот пензиски фонд. Идните стапки на принос не се гарантирани. За индивидуалните членови е вклучен поврат на персонален данок. Износот на кој се пресметува повратот на данокот за една календарска година не може да биде поголем од 4 просечни месечни бруто-плати во Р. Македонија објавени за претходната година. Исплатата на пензиски надоместок од доброволно пензиско осигурување се оданочува согласно одредбите од Законот за персонален данок на доход.