Награди и признанија

Награди и признанија

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ја доби наградата "Best Sovereign Reserve Fund in Europe for 2015"

По минатогодишната награда за најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа, оваа година за управувањето со задолжителниот пензиски фонд, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје доби уште попрестижна награда “Best Sovereign Reserve Fund in Europe for 2015” од страна на угледниот финансиски магазин “IPE – INVESTMENTS&PENSIONS EUROPE“. Според “IPE”, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ги исполнува критериумите за оваа нова категорија награди, пред се поради својот задолжителен карактер и својата улога во реформираниот пензиски систем во Р. Македонија.

Во образложението кон наградата од страна на жирито на “IPE”, задолжителниот фонд со кој управува НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје е окарактеризиран како „фонд со иновативна и комплексна инвестициона стратегија“ во функција на остварување на целите на фондот. Посебно се нотирани управувањето со ризиците, фокусот на долгорочните перспективи на компаниите во кои се инвестираат средствата, како и развојот на човечкиот капитал кој e клучен со управувањето со фондот.

Ова е уште една потврда за успешна работа на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, како и НЛБ Групацијата, но притоа и за Република Македонија за успешното функционирање на целокупниот систем на капитално финансирано пензиско осигурување.

Со почит,

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

 

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ја доби наградата "Најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа за 2014 година"

На свечената церемонија којашто се одржа на 20 Ноември во Виена и на која беа присутни претставници од најголемите пензиски фондови од 30 држави од Европа, угледниот финансиски магазин “IPE – INVESTMENTS&PENSIONS EUROPE“ додели награди на најдобрите пензиски друштва во повеќе категории. Наградите кои ги доделува магазинот IPE се едни од најпрестижните награди за друштвата за управување со пензиски фондови во Европа.

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ја доби наградата “Најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа за 2014 година”, регион во кој функционираат голем број пензиски фондови во повеќе држави.

Реномираниот магазин IPE Publishers од Лондон, при изборот на победникот зема во предвид мноштво фактори кои на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје му го придаваат епитетот на лидер во регионот на Централна и Источна Европа. Меѓу факторите кои комисијата на IPE, составена од судии реномирани претставници на индустријата и академската јавност, покрај остварените приноси оценети од перспектива на превземените ризици, во предвид ги земаат и филозофијата, квалитетот, активниот пристап и иновативноста во управувањето со средствата, квалитетот на управувањето со ризиците, соодветниот систем на корпоративно управување, квалитетот на човечкиот капитал, како и мноштво други фактори кои говорат за позицијата на Друштвото во регионот.

Оваа награда, не е само огромно признане за НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, НЛБ Групацијата, туку и потврда за Р.Македонија за успешно функционирање на целокупниот систем на капитално финансирано пензиско осигурување. Истата е големо признание за Друштвото, кое во годините од своето основање преку напорна работа на целокупниот професионален тим на вработени воведе највисоки стандарди, иновативен и современт систем на управување со пензиските фондови. Наградата воедно поставува уште поголема одговорност за Друштвото, кое ќе продолжи и во иднина да ги поместува границите на квалитет во работењето во интерес на своите членови.

Национално признание за општествена одговорност за НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

07.5.2013

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, заедно со Министерство за економија, додели Национално признание за општествено одговорни практики – плакета за 2012 година на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Свеченото доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2012 година се одржа на 23 април 2013 година. Друштвото е наградено во категоријата Етичко управување, за проектот Добро корпоративно управување.

Целта на проектот е Друштвото да ги истакне позитивните практики од областа на доброто корпоративно управување, воспоставените ефикасни контролни механизми, создавајќи и негувајќи трајни вредности.

Доделеното признание за проектот ги покажа како успешни заложбите на Друштвото и на НЛБ Групацијата преку имплементација на принципите за добро корпоративно управување да изгради цврста внатрешна структура, професионализам во работењето и успешно управување со пензиските фондови.